Tuesday, March 23, 2021

Биографија или Афтобиографија?

 Здраво! Денес ќе зборувам за карактеристиките на биографијата и афтобиографијата.

Биографијата се состои само од факти кои можат да се докажат ,но нема чувства или мислења. Во неа , авторот не е биографираното лице , односно авторот не пишува за себе. Биографираното лице или лицето за кое се раскажува , не мора да е живо. Во биографијата , раскажувачот е секогаш во прво лице и може да биде на било која возраст. 

За разлика од биографијата , афтобиографијата се состои од факти , мислења и чувства , односно раскажувачот може да искаже свои мислења , чувства или впечатоци. Во афтобиографијата авторот е биографираното лице , односно тој пишува за сам себе. Биографираното лице мора да е живо , за да може да пишува. Исто така авторот е секогаш во трето лице и мора да биде повозрасен за да има доволно да напише за себе. 

Според овие карактеристики може да забележиме дека има голема разлика помеѓу БИОГРАФИЈА И АФТОБИОГРАФИЈА. 


Wednesday, March 17, 2021

Есеј Eлој или Морлок?

 

 

     Здраво на сите! Како што забележавте по насловот , денес ќе зборувам на тема „Што би сакала да бидам , Елој или Морлок?“. Елоите се кротки и мирни луѓе , а исто и Морлоците, но ако би бирала , би одбрала да бидам Морлок.


     Елоите живеат на површината на земјата. Тие по цели денови уживаат , не работат ништо , а јадењето им е спремно за наредното утро. Лоши особини за Елоите се дека тие се наивни и мрзливи. Тие не работат и имаат мал број на зборови што ги користат.

     Морлоците пак паметни и уредни. Исто така тие се и вредни бидејќи секоја вечер доаѓаат пред куќите на Елоите и им спремаат јадење за следниот ден. Тие ги мистат и креветите на Елоите. Морлоците имаат и лоши особини , секако. Тие крадат , ги јадат Елоите и агресивни се. 

     Причината зошто одбрав да бидам Морлок е бидејќи тие се вредни и паметни. Затоа сакам да бидам Морлок. А не сакам да бидам Елој бидејќи тие се контролирани од страна на Морлоците , а јас не сакам да бидам контролирана од никого.

     Јас би сакала да го дознаам и вашето мислење. Како мислите вие? Дали ако би имале можност би биле Елој или Морлок? Споделете го вашето мислење во коментар!

Tuesday, March 16, 2021

Биографија - Блаже Конески



     Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, академик, поет, есеист, книжевен, историчар филолог и преведувач. 

     Тој е роден на 19 декември 1921 година во селото Небрегово. Основно училиште и нижа гимназија завршил во Прилеп (1934), а виша гимназија во Крагуевац (1939). Студиите во Белград ги почнал прво на Медицинскиот факултет, потоа на Филозофскиот факултет, на отсекот за Словенска филологија, a славистичките студии ги продолжил во Софија, каде што и дипломирал (1944).  По ослободувањето дошол во Скопје и развил богата културна и научна дејност. Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома). 
     Освен со научна, Конески се занимавал со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност. Во 1946 година станал предавач на Филозофскиот факултет, во Скопје, каде што, во 1957 година, станал и редовен професор и предавал историја на македонскиот јазик, при што во текот на сиот свој работен век бил шеф на Катедрата за јужнословенски јазици; бил декан на Филозофскиот факултет (1952 до 1953) и ректор на Скопскиот универзитет (1958 до 1960)На 13 февруари 1947 година бил избран за прв претседател на новооснованото Друштво на писателите на МакедонијаВо 1967 станал член на Македонската академија на науките и уметностите (MAНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Учествувал во составувањето на првиот Правопис на македонскиот литературен јазик (1945), бил редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик (1961 до 1966), а автор е на голем број студии за средновековната и современата македонска писменост и приредил голем број едиции на стари македонски текстови.  
     
     За својот книжевен опус добил високи награди и признанија, и тоа: 
  •    -  наградата на Сојузот на писателите на Југославија (1956 – за             стихозбирката ,,Везилка“)   
  •  - 1974 – за стихозбирката „Записи“; 1979 – за животно дело 

  • - „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) -1981 

  • - „13 Ноември“ (1986 – од областа на науката, за книгата „Македонскиот 19. век“), 

  • -Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата 

  • - „11 Октомври“ 1961- За редакцијата на првиот том на „Речникот на македонскиот јазик“ 

 

       и многу други престижни награди. 


      Починал на 7 декември 1993 година. 

    Негови најпознати дела се: збирката „Везилка“ , антологиската песна „Тешкото“ и песната „Болен Дојчин“.


     Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име. 

     Со Блаже Конески станавме препознатливи во светот. Тој е централна фигура на македонската култура наука и книжевност во 20 век. Една од најгоростасните личности на македонската културна историја и неговото дело е наша современска придобивка. Ќе се навраќаме како нација кон него во различни поводи и во иднината. 

  


     Извори: