Tuesday, March 16, 2021

Биографија - Блаже Конески



     Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, академик, поет, есеист, книжевен, историчар филолог и преведувач. 

     Тој е роден на 19 декември 1921 година во селото Небрегово. Основно училиште и нижа гимназија завршил во Прилеп (1934), а виша гимназија во Крагуевац (1939). Студиите во Белград ги почнал прво на Медицинскиот факултет, потоа на Филозофскиот факултет, на отсекот за Словенска филологија, a славистичките студии ги продолжил во Софија, каде што и дипломирал (1944).  По ослободувањето дошол во Скопје и развил богата културна и научна дејност. Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома). 
     Освен со научна, Конески се занимавал со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност. Во 1946 година станал предавач на Филозофскиот факултет, во Скопје, каде што, во 1957 година, станал и редовен професор и предавал историја на македонскиот јазик, при што во текот на сиот свој работен век бил шеф на Катедрата за јужнословенски јазици; бил декан на Филозофскиот факултет (1952 до 1953) и ректор на Скопскиот универзитет (1958 до 1960)На 13 февруари 1947 година бил избран за прв претседател на новооснованото Друштво на писателите на МакедонијаВо 1967 станал член на Македонската академија на науките и уметностите (MAНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Учествувал во составувањето на првиот Правопис на македонскиот литературен јазик (1945), бил редактор на тритомниот Речник на македонскиот јазик (1961 до 1966), а автор е на голем број студии за средновековната и современата македонска писменост и приредил голем број едиции на стари македонски текстови.  
     
     За својот книжевен опус добил високи награди и признанија, и тоа: 
  •    -  наградата на Сојузот на писателите на Југославија (1956 – за             стихозбирката ,,Везилка“)   
  •  - 1974 – за стихозбирката „Записи“; 1979 – за животно дело 

  • - „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) -1981 

  • - „13 Ноември“ (1986 – од областа на науката, за книгата „Македонскиот 19. век“), 

  • -Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата 

  • - „11 Октомври“ 1961- За редакцијата на првиот том на „Речникот на македонскиот јазик“ 

 

       и многу други престижни награди. 


      Починал на 7 декември 1993 година. 

    Негови најпознати дела се: збирката „Везилка“ , антологиската песна „Тешкото“ и песната „Болен Дојчин“.


     Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име. 

     Со Блаже Конески станавме препознатливи во светот. Тој е централна фигура на македонската култура наука и книжевност во 20 век. Една од најгоростасните личности на македонската културна историја и неговото дело е наша современска придобивка. Ќе се навраќаме како нација кон него во различни поводи и во иднината. 

  


     Извори:  

No comments:

Post a Comment