Здраво на сите! Како што забележавте по насловот , денес ќе зборувам на тема „Што би сакала да бидам , Елој или Морлок?“. Елоите се кротки и мирни луѓе , а исто и Морлоците, но ако би бирала , би одбрала да бидам Морлок.
Елоите живеат на површината на земјата. Тие по цели денови уживаат , не работат ништо , а јадењето им е спремно за наредното утро. Лоши особини за Елоите се дека тие се наивни и мрзливи. Тие не работат и имаат мал број на зборови што ги користат.
Морлоците пак паметни и уредни. Исто така тие се и вредни бидејќи секоја вечер доаѓаат пред куќите на Елоите и им спремаат јадење за следниот ден. Тие ги мистат и креветите на Елоите. Морлоците имаат и лоши особини , секако. Тие крадат , ги јадат Елоите и агресивни се.
Причината зошто одбрав да бидам Морлок е бидејќи тие се вредни и паметни. Затоа сакам да бидам Морлок. А не сакам да бидам Елој бидејќи тие се контролирани од страна на Морлоците , а јас не сакам да бидам контролирана од никого.
Јас би сакала да го дознаам и вашето мислење. Како мислите вие? Дали ако би имале можност би биле Елој или Морлок? Споделете го вашето мислење во коментар!
No comments:
Post a Comment